Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
21.04.2007 17:28 - Интервю на Каракачанов пред македонския вестник "Вечер"
Автор: karavelov Категория: Новини   
Прочетен: 4099 Коментари: 4 Гласове:
0



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=05F00F6561EC3343B2F21F2BEDB0077B

БУГАРСКИОТ НАЦИОНАЛИСТ КРАСИМИР КАРАКАЧАНОВ, ЛИДЕР НА ВМРО-БНД, ЗА ВЕЧЕР


Се чувствувам како Гоце Делчев


"На крива ракета, космосот и пречи". Кога не се кадарни тие од ОМО Илинден Пирин да се регистрираат, некој мора да биде виновен. Ако ги соберат потребните 5.000 потписи, но да ги собрат од реални луѓе, а не од умрени, никој во Бугарија не може да го попречи нивното регистрирање, вели Каракачанов



imageКрасимир Каракачанов, контраверзниот лидер на бугарската ВМРО-БНД, минатава недела престојуваше во Македонија. Неговото присуство во Скопје го искористивме за да поразговориме за неговите познати националистички ставови во врска со Македонија и Македонците, како и за статусот на македонското малцинство во Бугарија. Каракачанов деновиве се враќа во Бугарија за да ја подготви својата партија за изборите за европарламентарци.

Дали има македонско малциство во Бугарија?
Според Уставот, нема. Во Бугарија нема етнички малцинства. Во Бугарија има 2.000.000 Бугари, кои се по потекло од Македонија. Нашиот сегашен премиер, на пример, Сергеј Станишев, е по потекло од Струмица.
Господине Каракачанов, дали во Македонија има Македонци?
- Нормално дека има. Секој што се раѓа во Македонија е Македонец. Таа теза е историски јасна.
Што сте Вие по националност?
Јас сум Бугарин, исто како Гоце Делчев и Даме Груев.
Дали тврдењето дека Гоце Делчев е Бугарин не е напад на македонската историја?
Апсолутно не. Јас се чувствувам како Гоце Делцев, Даме Груев, Тодор Александров, Иван Михајлов. Тоа е нормално. Ако прочитате што пишувале Браќата Миладинови, тие напишале "Бугарски народни песни" од Македонија, а не Македонски народни песни од Бугарија. Ако го видите творештвото на Глигор Прличев или Кузман Шапкар, ако отворите Марко Цепенков, познат македонски собирач на народни мудрости од Прилеп, Јордан Констатинов - Џинот од Велес... Сите тие уште пред 150 години пишувале дека во Македонија живеат Бугари. Истото го велеле и Гоце Делцев и Даме Груев, кои за разлика од Михајлов и Александров овде во Македонија ги сакате, иако сите го говореле истото.
Јас се чувствувам како историски личности на ВМРО. Не може по 100 години сега некој да ја менува каузата и да измислува други каузи, и да си бара проблеми таму каде што нема.
Најавивте дека наскоро ќе регистрирате партија во Македонија. Од каде таква идеја и до каде е нејзиното реализирање?
Морам да признаам дека оваа интересна идеја не е моја, тука дојде од членовите на мојата партија од Македонија. На конгресот што се одржа на 24 март, 10 делегати од Македонија побараа ВМРО-БНД освен во Бугарија да учествува на избори и во Македонија. Таа треба да биде готова да локалните избори. Ќе биде регистрирана според сите процедури предвидени со македонските закони. Нејзин лидер ќе биде граѓанин на Р. Македонија.

Сакате да формирате партија тука, а Бугарија и понатаму одбива да ја признае партијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин... Зошто таа се уште не е регистрирана?
Видете, Вие во Македонија имате многу добра изрека. За да не звучи цинично, малку ќе ја модифицирам. "На крива ракета, космосот и пречи". Кога не се кадарни тие од ОМО Илинден Пирин да се регистрираат, некој мора да биде виновен. Нивната регистрација ја отфли Врховен суд пред еден месец, оти немаа собрано 5.000 потписи, како што предвидуваат бугарските закони. Институциите во Бугарија се независни. На судот не може да му каже некој како да работи.

ОМО Илинден Пирин тврди дека собрало 5.800 потписи...

Видете, регистрацијата не е проблем за никого во Бугарија, освен за самите лидери на ОМО Илинден Пирин. Од потписите што наводно ги собрале, само 4.000 се легални. Останатите, како што утврди обвинителството, беа од умрени лица, од граѓани кои се во странство... тие направија измама. Па, тоа е казниво и според македонските закони. Ако ги соберат потребните потписи, никој во Бугарија не може да го попречи нивното регистрирање.

Како да ги соберат, господини Каракачанов, кога се под постојана репресија од бугарската полиција...
Тоа не е точно. Доколку најдете некој што ќе Ви се пожали дека бил малтретиран, апсен и слично, јас лично ќе дојдам да се извинам. Такви работи нема. Тоа се приказни на Стојко Стојков. Па, ако некој им пречеше, немаше да собираат потписи 3 месеци. Мислам дека ниту тие 200-300 луѓе од ОМО Илинден Пирин, ниту пак, нивните ментори во Скопје, не сакаат партијата да биде регистрирана. Ако сакаа таа да биде регистрирана, немаше во списоците да ставаат умрени.

Зошто во средата Бугарија и забрани на ОМО Илинден да чествува на гробот на Јане Сандански?
Зашто партијата не е регистрирана. Замислете си да барате кредит од банка на име на фирма што не постои. Како граѓанин, секој може да присуствува и да положи венец.

Со непризнавањето на партијата и македонското малцинство, дали Бугарија си прави проблем, со оглед на тоа дека е членка на ЕУ?
Не, Бугарија нема проблеми со никого. Ако имаше, немаше денес да биде членка на ЕУ и НАТО. Република Македонија е таа што се уште не е член, и таа најверојатно има проблеми. Затоа мислам дека е подобро секој да си гледа во сопствениот дом.

Гоце МИХАЈЛОСКИ
фото: Д. Андоновски


За непознатите искам да кажа,че вестник"Време" е един от най-сърбоманските вестници в Македония и е очудващо там да бъде поместено такова интервю!!!



Гласувай:
0
0



1. анонимен - Латас е плашлив
22.07.2007 13:53
Не е вообшто чудно.Латас сакаше дабиде..,,убит Каракачанов,,...и затоа тоj доjде во Скопиje му се jавил и преку медуми и кажал..,,Еве гука сум..,,

...Ама Латас е Мажко само на вести ...се уплаши и пратил новинарите каj Каракачанов да го провоцираат.

Инаку Латас е обично српско плашливо....е нема потреба од навреди.

Проблемот не е Латас.

Толку ли нема бугарски новинари да додат и да издаваат вестници????? Само така ке победи вистината.
цитирай
2. karavelov - Прав си приятелю!Но такава е бъл...
23.07.2007 13:40
Прав си приятелю!Но такава е българската журналистика!
цитирай
3. анонимен - nikolaj
15.02.2008 23:48
edna poraka za karakacanov(ivan)da ne se pravi golem patriot i da gi koristi parite od kirija na vmro imotot-ako e lider na vmro da izleze na izbori vo cela blgarija so sopstveni listi na deputati-vmro treba da ima najmalku 50 deputati-mene mi izdlezda deka sluzbata na drzavna sigurnost ne mu dava ili e ruslanski spion
цитирай
4. анонимен - Каракачанов нека чита за Балканската история от не български "академици"
02.08.2010 16:57
Македонците не са българи, ами българите са Македонци ,това трябва да знае прословатия каракачанов , който има поткрепа и от "големия бате Бойко" който нищо не казва за "българите" пардон македонците в гърция който са половин от Македонците и по хора и по територия.
Илинден най-светлия ден от историята на Македонците.
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: karavelov
Категория: История
Прочетен: 2476251
Постинги: 133
Коментари: 1993
Гласове: 10567
Календар
«  Август, 2017  
ПВСЧПСН
123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031